25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Марко Митев и Никола Костески наскоро ќе се вратат на ракометниот терен

Марко Митев и Никола Костески подолго време се надвор од терените, но селекторот и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров, најави дека нивното враќање е блиску.

Митев ќе биде подготвен за еден месец и ќе се најде во составот на македонската репрезентација за Европското првенство во Данска. Во истиот период во игра ќе се врати и Костески, кој е дел од Алкалоид, актуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп.

„Добра вест е што и десното крило Никола Костески, кој беше повреден во најголемиот дел од минатата сезона, веќе е во завршна фаза од рехабилитацијата. Тој заостанува околу две недели зад Митев во процесот на заздравување, но и тој наскоро ќе биде подготвен да му се приклучи на тимот. Ова е исклучително важно за нас затоа што станува збор за двајца клучни ракометари“, изјави Кире Лазаров на денешната прес-конференција.

- Оглас -

Најнови вести