Еден од најдобрите во репрезентацијата на Македонија на Европското ракометно првенство во Германија беше младиот Марко Митев, кој е вистинско освежување за нашата репрезентација на ова првенство.
Младиот ракометарот после натпреварот против Германија беше реален во својата анализа.
– „Ова беше енергичен натпревар против многу квалитетна екипа. Тие физички беа многу помоќни, а ние мора да работиме, да ставиме на маса за да се носиме со вакви репрезентации. Од вакви екипи се учи многу, од дуелите еден на еден, од играта два на два. Тие се што прават, прават квалитетно и мора да ставаме повеќе фокус на деталите кои ги анализираме пред натпреварите.“ – рече младиот Марко Митев после поразот од Германија.