Марко Ројс сака да се повтори резултатот од пред три години

Борусија Дортмунд е пред голем предизвик. Германскиот тим на свој терен ќе го игра реваншот против Тотенхем во осминафиналето од Лигата на шампионите, а „милионерите“ се во неповолна ситуација. По првата средба во Лондон, бундеслигашот има негатива од 0-3, но играчите на Борусија не сакаат да се предадат.

Марко Ројс е еден од оние кои се меѓу најголемите оптимисти. Тој вели дека домашните фудбалери се подготвени да направат историја на „Сигнал Идуна парк“ и да го елиминираат англискиот ривал.

„На нашиот стадион имаме одиграно многу мечеви и сме покажале дека знаеме да бидеме најдобри кога е најпотребно. Веруваме дека можеме да го направиме невозможното“, вели Ројс.

Токму Ројс беше најдобар играч на Борусија во победата над Тотенхем речиси пред три години. Тоа беше во нокаут-фазата од Лигата на Европа, а на дуелот одигран на десетти март 2016 година, Борусија во Дортмунд победи со 3-0. Ројс даде два погодока, а еден гол даде Обамејанг.

Тотенхем нема победа на последните три меча во Премиер лигата, но и Борусија не е во некоја добра форма. „Милионерите“ имаат само една победа во последните шест меча, но Ројс верува дека ќе успее германскиот тим да направи подвиг и да го елиминира Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести