Марко Симоновски повторно ја напушта Македонија и продолжува да гради интернационалната кариера. По полусезоната мината во редовите на Башкими, искусниот напаѓач постигна договор со кипарскиот Енозис, каде што ќе настапува во продолжението од сезоната.
Симоновски на Кипар ќе работи под водство на македонскиот тренер Бојан Маркоски, кој неодамна беше именуван за нов шеф на стручниот штаб на Енозис.
Во истиот клуб ќе игра и Демир Имери, кој есенскиот дел од сезоната го помина како член на Работнички.

