Марко Вујин своеволно си заминал од Вардар 1961?!

Екипата на Вардар 1961 утре има гостување од Лигата на шампионите против ПИК Сегед, а во составот на Стевче Алушовски ќе го нема Србинот Марко Вујин, кој неофицијално (уште нема потврда од клубот) наместо да тренира, само се поздравил со соиграчите и заминал.

Се шпекулира дека причината за ваквото однесување на српскиот интернационалец е неговото неиграње на последниот натпревар со ПИК Сегед во Скопје. И според фотографиите од мечот со Сегед, се гледа незадоволство на лицето на Вујин што е на клупа.

Вујин со оглед на педигрето кое го има од минатото, беше најавуван како големо засилување, но освен ретки повремени блесоци, не ги оправда очекувањата. Во тимот на Вардар 1961 на гостувањето кај ПИК Сегед ќе го нема ниту голманот Борко Ристовски, кој има повреда.

Вардарци утре играат со ПИК Сегед, а потоа на 21 и на 24 февруари имаат две средби со Елверум во Скопје.

„Анализиравме каде грешевме на првиот меч, имаме проблеми со играчкиот кадар, но без секого се може, немаме избор, мора да се снајдеме. Ќе играме без притисок и никако нема да се предадеме однапред, одиме без бело знаме. Играњето без публика не им дава голема предност како домаќини на Унгарците, но секако се фаворити“, рече тренерот Стевче Алушовски.

- Оглас -

Најнови вести