Марколини: Игравме добро, но Македонија има играчи кои со еден потег може да направат разлика

Селекторот на Малта, Микеле Марколини, е задоволен од играта на неговите избраници, но жали што не можеле во завршницата да направат шанса за погодок.

„Имавме поголем посед на топката, многу ситуации во кои можевме да стигнеме до гол, но не стигнавме до шанса за погодок. Мора да ја подобриме играта во последните 20 метри од противничкото поле. Македонија шутна само три-четири шута на голот, вториот гол ни го дадоа со глава и тука завршија нашите шанси за добар резултат. Немам забелешки за моите фудбалери, постојано вршевме притисок на противникот, добро ја завршуваа задачата. Македонија е тим кој го почитуваме, компактен тим со два-три специјални играчи. Алиоски, Елмас, Барди може за една секунда да направат разлика. Тоа се виде кога го постигнаа првиот гол“, рече Марколини на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести