Напаѓачот на Манчестер јунајтед е вистинскиот победник во Англија во изминативе неколку недели откако успеа во неговата мисија – да се продолжи со делење бесплатни оброци за јадење на децата и по завршување на учебната година. Рашфорд ја започна оваа кампања верувајќи дека поради пандемијата од корона-вирусот и економската криза која ја зафати земјата, децата мора да продолжат да добиваат оброци иако учебната година им е завршена.
Најпрво оваа иницијатива на Рашфорд не беше баш најпријателски прифатена, но премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, потврди дека државата одлучила да се продолжи со бесплатните оброци за децата дури и во време на летниот распуст.
За да се комплетира оваа кампања, државата ќе одвои дополнителни 120 милиони фунти. Пресметките се дека само во Англија има околу 200.000 деца кои не може да си дозволат пристоен оброк поради економската криза која ја зафати земјата.
Рашфорд ја исполни својата мисија, а честитки доби од сите страни, па дури и од градскиот ривал Манчестер сити. „Граѓаните“ порачаа дека се горди што градот Манчестер го има Рашфорд.
Fantastic work @MarcusRashford, making Manchester proud 👏 https://t.co/b3MfszHzxf
— Manchester City (@ManCity) June 16, 2020