Очекувано, Маркус Рашфорд, е прогласен за најдобар фудбалер во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Англичанецот буквално сам ја донесе победата на Барселона на гостувањето кај Њукасл (1-2), откако успеа да ги постигне двата гола за „каталонците“.
Првиот со глава, а вториот со вистинска бомба од работ на шеснаесетникот. Иако Њукасл во самиот финиш успеа да намали на 1-2, сепак, двата гола на Рашфорд значеа победа за Барселона.