Маркус Рашфорд има желба да игра покрај Ламин Јамал, дали е тоа сигнал до Барселона?

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, јавно го изрази своето восхитување кон шпанската сензација Ламин Јамал, истакнувајќи дека би сакал еден ден да игра заедно со него.

„Се разбира дека би сакал да играм со Ламин Јамал. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… Ќе видиме“, изјави Рашфорд, оставајќи простор за шпекулации.

Оваа изјава се толкува како потенцијален сигнал до Барселона, посебно ако се земе предвид дека Рашфорд минатата сезона ја мина на позајмица во Астон Вила и дека иднината му е неизвесна во редовите на Црвените ѓаволи.

Барселона активно бара засилување на позицијата лево крило, а како прва опција се споменува Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Сепак, каталонскиот клуб продолжува да ги анализира сите можни решенија, а пораката од Рашфорд би можела да биде од интерес за раководството на гигантот од „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести