Маркус славеше титула со песна против Јувентус, па на сцена стапи легендарниот Лилијан (Видео)

Фудбалерите на Интер по мечот со Лацио (1-1) го добија шампионскиот трофеј, а потоа следуваше голема прослава со навивачите на „Џузепе Меаца“. На тревникот се најде и легендарниот Лилијан Туран, кој ја славеше титулата со својот син Маркус, иако важи за легенда на лутиот ривал, Јувентус.

Во еден момент навивачите започнаа да скандираат „кој не скока, тој е Јувентус“, па Лилијан кога виде што прави неговиот син, со воспитна му даде знак дека не смее да навива против клубот за кој неговиот татко настапуваше од 2001 до 2006 и освои две титули шампион на Италија.

Ваквиот потег на Лилијан предизвика смеа кај останатите фудбалери на Интер.

- Оглас -

Најнови вести