Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен приредија голеада (3-3) по која многу посреќни можат да бидат домашните фудбалери. Баерн беше на прагот на победа, но Омар Мармуш во 94-тата минута успеа да постигне гол за израмнување и му донесе еден бод на Ајнтрахт.
Ким Мин-Јае го отвори резултатот во корист на Баерн, но брзо Ајнтрахт возврати двојно преку Мармуш и Екитике. Сепак, на одмор се замина со резултат 2-2 откако погоди Упамекано во 38-мата минута.
Во вториот дел, Баерн Минхен повторно поведе со голот на Олисе во 53-тата минута, но Ајнтрахт Франкфурт не се предаде и стигна до бод во судиското продолжение. Омар Мармуш беше стрелец на израмнувачкиот погодок за домаќинот.