Египетскиот напаѓач Омар Мармуш, со својот гол попладнево му донесе победа на Ајнтрахт над Санкт Паули од 1-0, и со тоа стана прв стрелец во Бундеслигата сезонава.
Мармуш стана прв играч во историјата на Ајнтрахт кој постигнал 14 гола во првите 16 кола од сезона во германската лига. Овој рекорд го искачи на прво место на листата на стрелци во Бундеслигата. Ист број голови (14) има дадено и Хари Кејн од Баерн, но Мармуш има една асистенција повеќе.
Откако го постигна голот против Санкт Паули, Мармуш не прославуваше, туку им се извини на фановите на клубот од Хамбург. Во 2021, Мармуш играше за Санкт Паули како позајмен од Волфсбург и на 21 меч даде 7 гола.
Има информации дека Мармуш уште во јануари ќе потпише за Манчестер сити и ќе му стане конкуренција на Ерлинг Халанд.