36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Мароканецот кој беше хит на СП во Катар налето се сели во Премиер лигата

Мароканскиот репрезентативец Софијан Амрабат најверојатно ќе добие дозвола од Фиорентина да си замине во летниот преоден рок, најави неговиот агент Мохамед Синух.

Таблоидот „Сан“ пишува дека голем интерес за Амрабат, кој ќе беше еден од најдобрите фудбалери на Светското првенство во Катар, пројавува Манчестер јунајтед.

„Засега немаме официјална понуда, но барем Фиорентина е подготвена да преговара за неговиот трансфер. Откако во зимскиот преоден рок беа одбиени сите понуди, претседателот на Фиорентина ни вети дека ќе седне на преговарачка маса. Во јануари имавме доста понуди, вклучувајќи ја и таа од Манчестер јунајтед“, изјави Синух.
Амрабат има договор со Фиорентина до 2024 година, а Виолетовите според „Сан“, се подготвени да го пуштат за 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести