Репрезентацијата на Аргентина пристигна во Мароко, каде што утре треба да игра пријателски меч со оваа земја од северо-западниот дел на Африка, а во експедицијата го нема Лионел Меси.
Меси во петокот играше на пријателската средба со Венецуела, во која Аргентина претрпе шокантен пораз од 1-3. Иако суперѕвездата на Барселона ги одигра сите 90 минути, тој по мечот се жалел на повреда на препоните и одлучи да не ризикува со настап во Мароко.
Мароканците со нетрпение го чекаа Меси, тие не би платиле за да играат со Аргентина ако знаеја дека ќе им дојдат без Лео, па затоа се налутија и испратија писмо до Аргентинската федерација со кое бараат да им се објасни зошто Меси нема да игра. Тие не веруваат дека е повреден бидејќи речиси уште пред еден месец се зборуваше дека тој ќе бара начин да го избегне патувањето во Мароко. Многу навивачи кои платија скапи билети за да го гледаат Меси, сега се во шок.