Мароканците приредија нова сензација, играа како да е финале на СП и го победија Бразил (Видео)

Мароканските фудбалери сериозно го сфатија пријателскиот наптревар против Бразил, одиграа како да станува збор за финале на Светско првенство и на крајот славеа со 2:1 и фрлија во транс 65.000 навивачи на стадионот во Тангер.

Пријателскиот меч против Кариоките, не наликуваше баш на пријателски, имаше жестоки дуели, расправии, но и добар фудбал.

Мароканците кои на СП во Катар го освоија четвртото место, поведоа со голот на Софијан Буфал во 29-та минута, а Бразил израмни преку новиот капитен, Каземиро во 67-та минута. Голот за победа на Мароко и еуфорија на трибините на стадионот во Тангер, го постигна Сабири во 79-та минута.

 

- Оглас -

Најнови вести