Мароканците се луди по својата репрезентација, авиокомпанија откажала чартер-летови бидејќи Катар се жали дека ќе ја „окупираат“ земјата

Најмалку 2.000 Мароканци биле спречени да допатуваат во Катар од својата земја за да го следат полуфиналниот дуел против Франција кој ќе се игра вечерва од 20 часот на стадионот „Ал Бајт“.

Според медиуми на трибините на стадионот „Ал Бајт“ се очекува да има помеѓу 20.000 и 45.000 Мароканци кои ќе ги бодрат своите миленици, но таа бројка можеше да биде поголема доколку државната авиокомпанија „Ројал ер Мароко“ не ги откажеше чартер-летовите од Казабланка.

„Ројал ер Мароко“ соопшти дека откажала седум специјални летови од Казабланка до Доха бидејќи катарските власти процениле дека во нивната земја би имало премногу Мароканци.

Пред да стават рамка за Мароканците, дури 23 авиони со навивачи пристигнале во Доха, на кои катарските власти им побарале да покажат влезници за вечерашниот натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести