Шпанија е голем фаворит за триумф во дуелот против Мароко, но факт е дека африканската селекција игра одлично на Мундијалот. Мароко заврши како прв во групата во која Хрватска остана втора, а Белгија извиси и не се пласира во нокаут-фазата.
Сепак, Шпанија е селекција која атакува дури и на највисок пласман на планетарниот собир, па ќе биде интересно да се види како ќе се снајдат против еден ваков опасен ривал. Алваро Мората и Феран Торес се со најголеми шанси да бидат стрелци на првиот гол за Шпанија, а доколку еден од главните напаѓачи на Мароко, Зијах или Ен-Несри прв погоди, квотата е дури 10.
Одбраната е голем адут за Мароко затоа што во последните 10 меча има примено само четири гола, а успеа да ја сочува мрежата незатресена и против Хрватска и против Белгија. Токму затоа можно е првиот гол на овој дуел да се бара дури во второто полувреме. Од 51-вата до 60-тата минута да биде период во кој ќе биде постигнат првиот погодок, квотата е дури 8.50.
Доколку Мароко успее да издржи нерешено во регуларните 90 минути, потоа остануваат дополнителните 30 минути за да се дознае победникот, а на крајот опција е да се шутираат пенали. Огромни се квотите за еден од двата тима да продолжи понатаму по подобро изведување на пенали.
Секогаш тука се и игрите за бројот на корнери, фаули, жолти картони, удари во рамките на голот и вкупниот број шутеви.