По голема борба во финалето на Африканскиот куп на нации, Сенегал и Мароко играа 0:0, кога во 90+6 минута беше досуден пенал за домаќинот Мароко.
По еден изведен корнер, Брахим Дијаз беше повлечен од еден противнички играч и побара пенал. Арбитарот ја гледаше ВАР снимката и реши дека треба да има пенал за Мароко.
Morocco Awarded a Last-Minute Penalty Against Senegal in the AFCON Final
byu/DavidRolands insoccer
Оваа одлука на судијата ги налути фудбалерите на Сенегал, а нивниот селектор побара сите играчи да го напуштат теренот. Единствен кој не го послуша беше капитенот Садио Мане, кој остана на теренот.
Повеќе од 10-тина минути траеше натегањето дали мечот ќе продолжи, но на крајот разумот на Мане преовлада. Капитенот ги повика соиграчите да се вратат на теренот и на крајот пеналот беше изведен.

Шутираше Дијас и промаши во 113 минута, па ќе се играат продолженија. Пеналот на Дијас може да го видите ТУКА.

