Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико го доби и 17-тиот учесник, а тоа ќе биде репрезентацијата на Мароко, како прва селекција од Африка, која и официјално го визираше билетот за Мундијалот.
Мароко со 5-0 го совлада Нигер и дојде до ефект од шест победи на шест меча и со максимални 18 бода е недостижен за конкуренцијата. Африка на ова Светско првенство ќе има девет сигурни учесници и една селекција во интерконтиненталниот плеј-оф.
Блиску до пласман е и селекцијата на Египет, која со 2-0 славеше над Етиопија на домашен терен. Двата гола за „фараоните“ беа постигнати од пенали, а сигурно реализатори беа Мохамед Салах и Омар Мармуш.