Фудбалската репрезентација на Мароко за играчи до 20 години е новиот светски првак откако во финалето на Мундијалот, кој се играше во Чиле, со 2:0 ја победи фаворизираната Аргентина. Ова е сензационален резултат затоа што пред почетокот на Светското првенство, Мароко не беше во топ-селекциите фаворити за златото, а на крајот стигна до историски резултат. Аргентина, која е рекордер со шест светски титули во оваа возрасна категорија, овојпат мораше да се задоволи со освојување на сребрениот медал.
Во големото финале, младите таленти на Мароко уште во првите 30 минути блеснаа и постигнаа два гола. Напаѓачот Јасир Сабири беше херојот постигнувајќи ги двата гола, во 12-тата и во 29-тата минута. Тој е играч кој настапува за тимот на Фамаликао во португалската прва лига, а за У20 селекцијата на Мароко во 30 меча има постигнато 19 погодоци. Тоа што го направи во финалето е врв на неговата досегашна кариера.
Третото место на Мундијалот го освои селекцијата на Колумбија откако во „утешното финале“ минимално со 1:0 ја победи Франција. Переа во втората минута постигна гол кој на крајот се покажа како доволен за освојување на бронзениот медал за Колумбија на ова Светско првенство.
Највозбудливите моменти од финалето и головите може да ги видите ТУКА.