Мароко одлично се држи со уште еден голем фаворит на Мундијалот во Катар и води со 1:0 против Португалија по првото полувреме во четвртфиналето.
Голманот на Португалците Диого Кошта направи голем кикс во 42. минута, а искористи Ен-Несири за водечки гол за Мароканците.
https://twitter.com/goalsreplayg/status/1601603315778756608?s=20&t=FqGoh4piLvM72U55mScE3A
Мароканците одиграа цврсто и на контри и имаа неколку полушанси се до голот на Ен-Несири што ги води кон историско полуфинале, но и Португалија во тврд меч имаше малку прилики за гол.
Ова е третото чествртфинале на Светското првенство и Мароко игра историски меч во кој бара шанса за првпат да се најде во полуфиналето на Мундијалите.
Одбраната пак им беше цврста и досега има примено само еден гол во победата од 2:1 против Канада, а на турнирот не примија погодок во дуелите со реномирамите селекции на Белгија, Хрватска, Шпанија и сега во првите 45 минути против Португалија.