Мароко го декласира САД и прв се чекираше во полуфиналето на ЛОИ (Видео)

Репрезентацијата на Мароко е првиот полуфиналист на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако со убедливи 4-0 го совлада САД во четвртфиналето.

Мароко доминираше во текот на целиот натпревар, а резултатот беше отворен во 29-тата минута, кога Суфијан Рахими реализираше пенал. Илиас Акомах во 63-тата минута зголеми на 2-0, а Аштраф Хакими во 70-тата погоди за 3-0. Конечните 4-0 за Мароко ги постави Ел-Мехди Маухуб од пенал во 90-тата минута.

Мароканците сега во полуфиналето го чекаат подобриот од натпреварот помеѓу Шпанија и Јапонија, додека втората полуфинална двојка ќе биде од победниците на натпреварите Франција – Аргентина и Египет – Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести