Мароко го доби африканското дерби и се закити со бронза на фудбалскиот турнир во Париз (Видео)

Фудбалската репрезентација на Мароко лесно и убедливо дојде до утешната награда на Летните олимписки игри во Париз, бронзениот медал. Мароканците ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 6-0 го совладаа африканскиот ривал, Египет, во борбата за третото место на фудбалскиот турнир на Олимпијадата.

Мароко во текот на игрите прикажа одлична игра, ја победи Аргентина, но загуби од Шпанија во полуфиналето. Освојувачот на бронзата се наѕираше уште во првото полувреме, по кое Мароко имаше водство од 2-0, а во вториот дел уште со четири гола само ја потврдија победата и големиот успех.

- Оглас -

Најнови вести