Мароко и Тунис го остварија мундијалскиот сон и ќе играат во Катар во ноември и декември, а Магреб чека и трет учесник на Светското првенство во драматичниот реванш меѓу Алжир и Камерун.
Во Блида, Камерун со победа од 1:0 му се реваншира на Алжир за поразот на првиот меч со 0:1, па ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути и по полноќ.
Ако нема победник по 120 минути игра, ќе се шутираат пенали, вторпат вечерва во африканските баражи, откако Сенегал на тој начин го елиминира Египет.
Мароко со 4:1 на домашен терен го декласира ДР Конго и со вкупен резултат од 5:2 си обезбеди учество на Мундијалот во Катар.
На Тунис му беше доволно и реми без голови вечерва во Радес, откако на гости го победија Мали со 1:0.
Гана, Сенегал, Мароко и Тунис се четири од петте селекции што ќе играат во Катар.