Домаќинот Мароко е третиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Полуфиналистот од последниот Мундијал со многу мака го совлада дебитантот Танзанија со 1-0 и обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Момците на Регреги долго време се обидуваа да го пробијат „бункерот“ на Танзанијa, на одмор се замина без голови, a клучниот момент се случи во 64-тата минута.
Ашраф Хакими одлично асистираше до Брахим Дијас, а напаѓачот на Реал Мадрид реализираше за 1-0 и го донесе водството за Мароко.
Финишот беше целосно отворен, домаќините пропуштија неколку шанси за поубедлива победа, додека Танзанија неколку пати се закани кон голот на Мароко.
Во четвртфиналето, Мароко ќе се сретне со победникот од натпреварот Камерун – Јужна Африка, кој се игра вечерва од 20 часот.

