-3.2 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Мароко после пенали до финале на Африканскиот куп на нации

Репрезентацијата на Мароко обезбеди место во финалето на Африканскиот Куп на Нации, откако во Танжер ја елиминираше селекцијата на Нигерија по подобро изведување пенали (4-2).

Во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови, а решавачкиот момент дојде по четвртиот пенал на Нигеријците, кој го одбрани голманот Боно.

Јусеф Ен-Несири ја реализираше петтата серија за „Лавовите од Атлас“ и го одведе својот тим во големото финале, каде што ќе се сретне со Сенегал, кој претходно денеска ја совлада репрезентацијата на Египет со 1-0.

Нигерија ќе игра за третото место против Египет.

- Оглас -

Најнови вести