Мароко по пеналите до финалето на Африканскиот куп на нациите

Репрезентацијата на Мароко обезбеди место во финалето на Африканскиот куп на нациите откако во Танжер ја елиминира селекцијата на Нигерија по подоброто изведување на пеналите (4-2).

Во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови, а решавачкиот момент дојде по четвртиот пенал на Нигеријците, кој го одбрани голманот Боно.

Јусеф Ен-Несири ја реализира петтата серија за „Лавовите од Атлас“ и го одведе својот тим во големото финале, каде што ќе се сретне со Сенегал, кој претходно денеска ја совлада репрезентацијата на Египет со 1-0.

Нигерија ќе игра за третото место против Египет.

- Оглас -

Најнови вести