Фудбалската репрезентација на Мароко пред нешто повеќе од една година го направи најголемиот успех на една африканска селекција откако се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Мароко не успеа да стигне до финалето откако во полуфиналето загубија со 2:0 од Франција, но секако испишаа историја за Црниот континент.
Популарните Лавови од Атласот вечерва старуваа во првиот меч на Африканскиот куп на нации и тоа на убедлив начин. Мароко со убедливи 3:0 ја победи Танзанија. Фаворитот поведе со гол во 30 минута, а потоа во периодот од 77 до 80 минута Мароко постигна уште два погодоци за да ги реши сите дилеми околу победникот и да има мирен финиш на средбата.
Во вториот меч кој се играше вечерва во оваа група, ДР Конго и Замбија ремизираа 1:1.