Мароканците се одлучија да играат на контранапади и нивниот концепт против Шпанија во првото полувреме воопшто не изгледа лошо, а резултатот 0:0 им дава надеж за четвртфинале на Мундијалот во Катар.
Зијех, Буфал и Ен-Несири изгледаат опасно за одбраната на Црвената фурија и имаа шанси за гол, а одбраната успеа да ги задржи шпанските стрелци да постигнат гол.
Шпанија имаше огромен посед на топка од 70 отсто и одлични шанси преку Торес и Асенсио, а еднаш ја погодија и пречката, но гол не дадоа.
Мароко е инфериорен со посед на топката, но засега го исполнуваат планот против фаворитот.
Ова е претпоследното осминафинале во Катар, а победникот ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Швајцарија, што ќе се игра вечерва од 20 часот.