Марота: Аталанта е зајакот, а Интер е ловецот во Серија А

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, искористи интересна метафора за да ја опише конкуренцијата за титулата во Серија А, во која Аталанта е моментален лидер, а миланскиот гигант е еден од главните конкуренти.

„Аталанта е светски пример за успешен и добар клупски модел. Постојат тимови со различни карактеристики, но сега Аталанта веќе има победнички менталитет, а тоа не е лесно да се постигне. Верувам дека тие ќе успеат да се справат со притисокот што ќе дојде низ сезоната. Тие се зајакот, а ние сме ловците. Го поддржувам ставот дека тие се меѓу главните кандидати за да го освојат Скудетото“, изјави Марота на синоќешните спортски награди на „Газета дело спорт“, каде што Интер беше награден за Тим на годината заради титулата во Серија А.

Аталанта доби признание за Подвиг на годината по триумфот во Лигата на Европа.

Марота исто така ги пофали тренерот на Интер, Симоне Инзаги, како и неговиот претходник, Антонио Конте, кој сега го води Наполи.


„Симоне прво беше играч, така што ја познава динамиката на соблекувалната. Тој треба да се смета за еден од најдобрите тренери. Стана зрел и стекна богато искуство откако се придружи кон нас, што значи дека е подготвен. Конте е одличен професионалец кој има освоено толку многу во својата кариера, а тоа му дава предност во споредба со други ситуации. Конте, Инзаги и Гасперини живеат за овој прекрасен спорт“, додаде првиот човек на Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести