Марота: Една лоша вечер не може да избрише сѐ што беше убаво

Интер доживеа тежок удар во финалето на Лигата на шампионите, откако беше убедливо поразен со 5-0 од Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во Минхен. По натпреварот, претседателот на клубот Бепе Марота искрено ја анализираше ситуацијата.

„Целосно негативна вечер. Противникот нѐ надмина во сите сегменти и заслужено победи. Ова е очигледно. Но, тоа не значи дека треба да ја фрлиме во сенка целата сезона, бидејќи игравме против навистина моќен тим“, изјави Марота.

Тој им се заблагодари на бројните навивачи кои допатуваа во Минхен за да го бодрат клубот, истакнувајќи дека патот до финалето не бил ни малку лесен.

„Да се стигне до оваа фаза беше многу тешко, но го заслуживме тоа. Победивме тимови како Барселона и Баерн Минхен. Сакам да им се заблагодарам на играчите и на тренерот, одигравме 59 натпревари оваа сезона. Овој тим покажа дека има квалитет и дека го заслужи своето место во финалето.“

И покрај разочарувањето, Марота испрати и позитивна порака за иднината на тренерот Симоне Инѕаги, кој веќе четири години е на клупата на Нераѕурите.

„Моето мислење за него не се смени. Договорот му важи уште една година, и во овие четири години покажа голем професионализам. Една лоша вечер не ја поништува неговата работа. Се договоривме да се сретнеме следната недела и да разговараме за иднината.“

- Оглас -

Најнови вести