Новиот спортски директор на Интер, Бепе Марота, сака што побрзо да доведе квалитетни засилувања, со цел да можат „нероаѕурите“ да конкурираат на Јувентус во трката за Скудетото. Неговиот план е да го украде Пол Погба пред носот на „старата дама“, клубот со кој успешно раководеше долги години.
Иако Марота се уште не е официјално директор на Интер, во прашање се денови кога тој ќе ја преземе функцијата, а веќе има големи планови за во иднина. Имено, Марота сака да го намами Жозе Мурињо со една од неговите две желби, Иван Перишиќ и Милан Шкрињар.
На португалскиот стратег очајно му треба дефанзивец, како и лево крило, па од таборот на Интер се надеваат дека ќе го добијат Погба доколку еден од овие двајца фудбалери на Интер биде вклучен во понудата за Французинот.
Но, последниот збор го има Погба. „Нероаѕурите“ можат да останат со празни раце, бидејќи плејмејкерот на „црвените ѓаволи“ пред извесно време го нарече Јуве за свој дом во Италија, фактор кој може да пресуди во евентуалната преселба на Погба на „Џузепе Меаца“.