Марота: Постојат сите предуслови Инзаги да добие нов договор со Интер

Претседателот на Интер, Бепе Марота, призна дека постојат сите предуслови за продолжување на договорот со тренерот Симоне Инзаги.

„Продолжување? Има сите основи да продолжиме да соработуваме. Со Симоне сите заедно напредувавме, а важна е и синергијата што се создаде меѓу него и клубот. Поминуваме низ циклус кој сè уште не е завршен. Имаме ново сопствеништво, нови цели, проект за нов стадион. Ова е позитивен момент, но мора да бидеме реални. Ни претстојат уште два месеци до крајот на сезоната, а потоа Светското клупско првенство. Тренерот одлично ја врши својата работа“, изјави Марота за „Скај Италија“.

Марота беше запрашан и за можноста Интер да освои тројна круна.


„Не сакам да зборувам за тоа, но секогаш треба да бидеме амбициозни. Како професионалци, научени сме да се бориме до крај. Ако некој е подобар од нас, ќе му оддадеме признание“, додаде тој.

- Оглас -

Најнови вести