29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Марсеј 42 години нема победа на гости кај Бордо

Олимпик Марсеј требаше да ја има улогата на фаворит на гостувањето кај Бордо, но на теренот, ситуацијата беше сосема поинаква. Бордо даде по еден гол во двете полувремиња и на крајот стигна до победа од 2:0. Иако за некој може ќе биде изненадување вака лесната победа на домаќините, тие што ја пратат традицијата во дуелите на овие два клуба, речиси го знаеја исходот, уште пред да почне средбата.

Марсеј има очајна низа од 42 години во кои никогаш не победил на гостувањето кај Бордо. Едноставно Олимпик Марсеј е еден од најпосакуваните гости на теренот на Бордо. Со оваа победа, Бордо се искачи на 11 место на табелата, додека гостите од Марсеј останаа на петата позиција, која не води излез во Европа за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести