Марсеј и Лехија се тандем за победи

Олимпик Марсеј – Монпелје (Сабота, 17.30 часот)

Марсеј оваа година е конечно сериозен. Победата против Монако во минатото коло го потврдува тоа. Затоа мислам дека е фаворит на овој натпревар. Патем на „Велодром“ е непоразен од Монпелје од 2014 година, што покажува дека е незгоден ривал за екипата што изненади пред 7 години и ја освои Лига 1 во Франција.

Марсеј има и големи амбиции сезонава, Бенедето, Жермен и Паје се опасно трио во нападот, а и средниот ред со Стротман, Лопес и Сансон функционира добро, па ќе типувам единица.

Предлог тип: 1 (2.18) Супер тип на Sport Life

 

Лехија Гдањск – Корона (Сабота, 17.30 часот)

Домаќинот е поквалитетен и игра добро на свој терен. Нареди две победи во низа, за разлика од гостинот кој е во серија од пет меча без победа и е во очигледна криза.

Можеби мал проблем за екипата од Гдањск ќе биде отсуството на искусниот Славомир Пешко, кој е одличен фудбалер, но домаќините се поквалитетни и без него и мислам дека ќе ја оправдаат фаворитската улога.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Милан – Интер (Сабота, 20.45 часот)    

Што да се каже за вечното дерби а веќе не е кажано. Во каква и да се форма и во било кој дел од сезоната да играат овде нема фаворити.

Интер е единствениот тим со максимален учинок во Серија А по три кола и секако ќе сака да ја продолжи низата од победи. Милан има и дополнителен мотив, да го победи градскиот ривал во дербито „Дела Мадонина“ по три години и црна серија од шест меча без триумф.

Ова е големо дерби не само во Италија, привлекува внимание во цел свет и ќе типувам дека и двете екипи ќе дадат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

Челзи – Ливерпул (Недела, 17.30 часот)   

Можеби на хартија Ливерпул е во предност, но младиот тим на Лампард дефинитивно има потенцијал. Проблем за домаќините се големиот број на повредени играчи, а утре веројатно нема да игра и младиот Мејсон Маунт, фудбалер кој остави одличен впечаток на почетокот на сезонава.

Ливерпул нема пораз од Челзи на последните четири натпревари и е фаворит, но мислам дека е подобро да се одигра на голови. Очекувам да ги има на двете страни и тоа најмалку три на дербито во Премиерлигата.

Предлог тип: ГГ3+ (1.78)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд (Недела, 18 часот)

Дерби и во Бундеслигата. Два тима со отворен гард и два тима со одлични состави. Ајнтрахт нанижа пет натпревари во првенството без пораз против Борусија, кога игра на „Комерцбанк арена“ во Франкфурт, серија што треба да се почитува.

Домаќините на почетокот на сезоната имаат проблеми во нападот, откако ги продадоа ланските стартери Јовиќ, Халер и Ребиќ. Сето тоа треба да се воигра, но купија одлични замени во Андре Силва, Пасиенсија и Дост и очекувам да бидат ефикасни денеска против „милионерите“.

И Борусија игра офанзивен фудбал што е најава за голови во Франкфурт. Прогнозирам дека ќе ги има во двете мрежи и тоа најмалку три.

Предлог тип: ГГ3+ (1.67)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести