Љубителите на францускиот фудбал и навивачите на Марсеј и ПСЖ долго го очекуваа дербито помеѓу овие две екипи, кое беше закажано за вечерва, но за жал мечот нема да се одигра.
Причината за одлужувањето на француското дерби се најавите за големо невреме во тој дел на Франција проследено со силни грмежи, па од Фудбалскиот сојуз ја прифатија препораката и со цел да се заштитат сите учесници, мечот е одложен.
Навивачите останаа разочарани од ваквата одлука, а челните луѓе на Лига 1 треба да го одредат новиот датум за одигрување.
: Olympique Marseille vs PSG has been suspended due to bad weather! ⛈️ pic.twitter.com/BcGIhnzGgR
— The Touchline | (@TouchlineX) September 21, 2025