Со новиот пораз од Порто со 0-2, Марсеј запиша антирекорд во Лигата на шампионите со 13 последователни порази. Тимот од „Велодром“ го надмина рекордот на Андерлехт од 12 порази во низа во најелитното европско натпреварување.
Во сосема спротивна ситуација е европскиот првак Баерн Минхен. Баварците триумфираа со 3-1 против Салцбург и се пласираа во осминафиналето, а таа победа беше 15-та во низа.
Избраниците на Ханси Флик го подобрија веќе постоечкиот нивен рекорд, а како што стојат работите, тој може да продолжи и во последните две кола од групната фаза.