Луис Енрике го исполни ветувањето и одлучи да ги одмори своите ѕвезди во пресрет на финалето од Лигата на шампионите, но тоа воопшто не го наруши темпото на ПСЖ, кој убедливо со 1-4 го совлада Монпеље во гостински натпревар.
Мајулу го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел Гонсало Рамос блесна со хет-трик, со што ги потврди амбициите на Светците и без своите клучни фудбалери.
Олимпик Марсеј победи со 1-3 на гости против Ле Авр, а овој меч беше привремено прекинат поради навивачки немири на стадионот. Амин Гуири во 56-тата минута донесе предност за Марсеј, а после враќањето на фудбалерите на теренот Иса Сумаре израмни на 1-1. Сепак, Мејсон Гринвуд донесе нова предност за Марсеј со голот во 86-та минута, а Амин Гуири со својот втор гол го потврди триумфот во 99-та минута.
HAC – OM : le match est momentanément arrêté !#OM #TeamOM #HACOM #pourtoi pic.twitter.com/1zAZ62qzRg
— But! OM (@Butfc_OM) May 10, 2025
Во директна битка за второто место, Монако славеше со 2-0 против Лион, што му донесе сигурна виза за Лигата на шампионите. Стрелци на головите беа Минамино во 62-та минута и Закарија во 68-та.
Интересна ќе биде завршницата и во битката за четвртото место, откако сите кандидати, Стразбур, Ница и Лил, вечерва претрпеа порази, па во последното коло влегуваат израмнети со по 57 освоени бодови.