15.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Марсеј вечер треба да се плаши од Мбапе, а пред 18 години тој беше „нивен“

Реал Мадрид вечерва од 21 часот го пречекува Марсеј во првото коло од Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието ќе биде Килијан Мбапе, и тоа не само затоа што е Французин кој ќе игра против француски клуб.

Мбапе е во страшна форма, даде гол на шест од последните седум официјални меча, а и неговата статистика против Марсеј како играч на Монако и ПСЖ треба да ги плаши европските прваци од 1993 година.

Мбапе во кариерата играл 16 меча против Марсеј и билансот му е 14 победи и две ремија, не знае за пораз од нив и притоа има 10 гола и три асистенции против Марсеј. А, на социјалните мрежи потсетуваат на една стара фотографија од 2007, кога Мбапе имал само 9 години, кога позира во тренерка со амблемот на Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести