Марсело Брозовиќ е херој на денот – донираше пари за операција на Македонка!

Марсело Брозовиќ, хрватскиот репрезентативец и член на Интер, ја покажа својата хуманост помагајќи на една Македонка. Стаменка Менче Трповска преку својот фејсбук-профи, го изнесе својот здравствен проблем кој ја мачи подолг период. Тоа е девојка која има проблеми со колкот и поради тоа не може да се движи без помош на помагала.

Во малку подолг пост, девојката ја објасни својата мака и побара помош од хуманите луѓе.

Нејзиниот пост има над 1.000 споделувања, а вистински потег беше споделувањето на страната на фејсбук-профилот на Интер Тифоси Балкан. На оваа страна веднаш за помош се јави Марсело Брозовиќ. Хрватот кој игра за Интер преку порака најави дека ги уплатил бараните 3.000 евра кои се потребни за лекарско третирање на 26-годишната девојка од Македонија.

Брозовиќ ги уплатил парите преку познатата интернет-страница за донации gofundme.com, каде што секако секој добронамерен и хуман може да донира за помош на Стаменка Менче Трповска.

Потребните пари за следната лекарска интервенција на девојката се собрани и се надеваме дека таа повторно ќе може да оди без помош на помагала. Секако, Хрватот Брозовиќ е херојот на денот, Браво Марсело!

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести