Марсело неколку пати заплака, Реал Мадрид се прости од својот најтрофеен играч (Фото)

На денешен ден пред 66 години, Реал Мадрид за првпат стана европски првак, а овој датум го одбраа да биде и денот кога ќе се простат со најтрофејниот играч во клупската историја и досегашен прв капитен, Марсело.

Бразилецот си оди од Кралскиот клуб по 16 сезони, во кои со Реал освои 25 пехари и со тоа е најтрофеен играч во богатата историја на мадридскиот гигант.

Додека зборуваше на церемонијата, еден од најдобрите леви бекови во поновата историја неколку пати се расплака. Тој за клубот одигра 546 меча, што е рекорд за еден странец во Реал.

„Си заминувам со високо крената глава. Кога го напуштив Бразил како младо момче, посакував барем еднаш да ја освојам Лигата на шампионите, а денеска сум најтрофеен играч во историјата на најголемиот клуб на светот. Сакам посебно да му се заблагодарам на Раул Гонзалес, кој многу ми помогна на почетокот и цело време сакав да бидам како него. Ова не е збогување, не чувствувам дека си одам од Мадрид. Ќе си имате проблем ако не ми дадете билети“, изјави Марсело, кој собра сили и да се пошегува.

- Оглас -

Најнови вести