Марсело, искусниот лев бек на Реал Мадрид, не беше повикан да игра на Копа Америка, па деновиве ужива на летен одмор во родната земја, но се најде во центарот на вниманието поради еден скандал.
Марсело бил запрен од полицијата во Рио де Жанеиро, но фудбалерот одбил да му биде направен алкотест и полицајците го казниле со 675 евра и му ја одзеле возачката дозвола во траење од една година (забраната важи само за во Бразил).
Ова не е првпат Марсело да има проблеми со законот и кршење на сообраќајните прописи. Пред шест години, во Мадрид го казнија дури со 6.000 евра, а тогаш дозволата му беше одземена осум месеци.