Марсело раскажа за „пријателството“ со Кристијано Роналдо: „Се степавме, ме фати за врат“

Кристијано Роналдо и Марсело се легенди на Реал Мадрид и оставија траен белег во „кралскиот“ клуб. Сепак, двајцата фудбалери и не биле така добри пријатели, како што се претпоставуваше, па понекогаш доаѓало дури и до тепачки.

„Мојата ‘врска’ со Кристијано започна со тепачка. Натпреварот Бразил – Португалија, малку го удрив, но тој потоа отиде предалеку, ме удри со лакт. Ме фати за врат, се обидов да го направам истото, не беше висок и не можев да го дофатам. И ништо, потоа добив порака дека за два месеци ќе потпише за Реал Мадрид. Тогаш кажав дека си заминувам од клубот, но за среќа тоа не се случи. На крајот се беше во ред. Имавме потешкотии, се фаќавме за врат, но тоа беше нормално.“ – раскажа Марсело, кој неодамна се пензионираше од активното играње фудбал.

- Оглас -

Најнови вести