Долгогодишниот член и заменик капитен на Реал Мадрид, Марсело, денес се најде на насловната страница на шпанскиот таблоид „АС“ и вели дека ќе остане во Реал Мадрид поради Зинедин Зидан. Бразилецот отпадна од прв план кај Сантијаго Солари, па бидејќи беше незадоволен да ја грее клупата имаше намера да го напушти Мадрид.
Прва дестинација се споменуваше Јувентус, а Марсело немаше ништо против повторно да соработува со Кристијано Роналдо. Сепак, откако францускиот стратег се врати на клупата на Кралскиот клуб, се смени и мислењето на левиот бек.
Солари му даваше предност на младиот Регилон на левата бековска позиција, но сега Шпанецот ја има улогата на „бек-ап“, додека Марсело уште во првиот меч по враќањето на Зидан се најде во почетниот состав, во победата над Селта Виго со 2-0.
Марсело има договор со Реал до 2022 година, со премислувањето значи дека планира да го испочитува до крај.
Реал утре на домашен терен ја пречекува Уеска во рамките од 29-тото коло во Ла Лига.
AS' front cover this Saturday morning: Marcelo has decided to stay at Real Madrid following Zidane's return… pic.twitter.com/NiRazJKvII
— AS English (@English_AS) March 30, 2019