Флуминенсе е најдобар тим во Рио де Жанеиро откако со спектакуларна победа од 4-1 над лутиот ривал Фламенго стана шампион на првенството Кариока.
Фламенго го доби првиот меч со 2-0, но реваншот му припадна на Флуминенсе, а првиот гол за Флу, со кој се најави изненадувачки убедливиот триумф, го постигна легендарниот бек на Реал Мадрид, Марсело, и тоа супер погодок.