Околу шест илјади навивачи на Динамо Загреб маршираа низ Милано во текот на денешниот ден, а за жал имаше и инциденти.
Се случи тепачка на патот на популарните Бед Блу Бојс кон „Сан Сиро“ каде Аталанта е домаќин, вечерва од 21 часот.
Неколку навивачи на тимот од Бергамо се впуштија во физичка пресметка со побројните гости од Загреб и на крајот останаа истепани.
Има и повредени симпатизери на калочолигашот, како лоша предигра за мечот што е многу значаен за двете екипи. Со победа Динамо сигурно ќе си обезбеди презимување во Европа со големи шанси да продолжи во Лигата на шампионите, додека Аталанта го фаќа последниот воз за Европа Лигата, а се надева на чудо, па и настап во нокаут фазата во ЛШ.