24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Марсијал ќе биде „ѓавол“ до 2024 година

Антони Марсијал се согласи да ја обнови соработката со Манчестер јунајтед. Французинот потпишa нов договор кој ќе важи до 2024 година, а се чека само официјализација од страна на клубот.

По заминувањето на Мурињо, Марсијал добива многу поголема доверба од Солскјер, а таа ја оправдува со добри игри, па може да се каже дека заслужено си заработи нов договор, иако неговата иднина долго време беше неизвесна. Во вчерашното реми против Барнли (2-2) не беше во можност да настапи поради повреда, но норвешкиот стратег вели дека не е сериозна и би требало да се врати на терените веќе за викендот.

Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ сезонава настапи на 25 средби, на кои постигна 10 погодоци во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести