17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Марсијал ќе биде соиграч на Серхио Рамос во Мексико

Постигнат е договор за трансферот на Антони Марсијал (29) во мексиканскиот Монтереј, откриваат грчките медиуми. АЕК Атина дал зелено светло играчот да отпатува во Мексико на лекарски прегледи и потпишување на договорот. Во мексиканскиот клуб, Марсијал ќе биде соиграч со Серхио Рамос.

Францускиот напаѓач ја започна кариерата во Лион, а во 2013 прејде во Монако. Две години подоцна потпиша за Манчестер јунајтед за тогаш рекордна сума за малолетен играч, а истата година ја освои наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер во светот.


Во 2022 беше на позајмица во Севиља. За француската репрезентација дебитираше во 2015 и беше дел од тимот кој играше во финалето на ЕВРО 2016.

Со Манчестер јунајтед освои ФА куп, Лига Куп, Комјунити Шилд и Лига Европа. Монтереј настапува во првата мексиканска лига, а навивачите се надеваат дека со новите засилувања тимот конечно ќе ја прекине 15-годишната пауза без шампионска титула. По седум кола, клубот е лидер на табелата.

- Оглас -

Најнови вести