Марсијал ќе направи сензационален транфер во Грција

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал, пронајде нов клуб. Тој постигнал договор со грчкиот клуб АЕК.

Ако договорот се реализира, Марсијал ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на клубот.

АЕК претходно беше насочен кон Давид Датро Фофана од Челзи, но тој се пресели на позајмица во Ѓозтепе.

Марсијал е слободен агент откако неговиот договор со Манчестер јунајтед истече ова лето. За него имаше интерес од Фламенго и од Лил, но на крајот ќе заврши во Грција.

- Оглас -

Најнови вести