Погодокот што го даде Маркус Рашфорд во 93-тата минута за пласман на Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампиони донесе голема радост кај сите кои се фанови на најтрофејниот англиски тим. На овој меч, Манчестер беше без неколку стандардни првотимци, кои знаеја како да се израдуваат.
Пол Погба и Патрис Евра беа на трибините на „Паркот на принцовите“, а кога Рашфорд погоди, се случи еуфорија.
Антони Марсијал во домашни услови го гледаше мечот, а пред да го шутира Рашфорд пеналот, Французинот се молеше само да биде погодок.
Посебна приказна е како се израдуваа Џеси Лингард и Немања Матиќ.